„Глупост е дека Русија ќе ѝ објави војна на Украина на 9 мај“

Кремљ ги отфрли шпекулациите дека Владимир Путин ќе ѝ објави војна на Украина и ќе прогласи општа мобилизација на 9 мај, кога Русија го одбележува својот најголем празник, Денот на победата над фашизмот.
Путин ги нарекува руските акции во Украина како специјална воена операција, а не војна и западни функционери шпекулираа дека тој подготвува голема објава в понеделник, вклучувајќи формално прогласување војна.
„Нема шанси, тоа е глупост“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Се очекува Путин да одржи говор и да надгледува воена парада на Црвениот плоштад во Москва.
Русија истовремено го предупреди НАТО дека ќе ги напаѓа сите пратки со оружје наменети за Украина.
„НАТО продолжува да ја пумпа Украина со оружје. Секој транспорт на оружје и воена опрема на територијата на Украина ќе го сметаме за легитимна цел за уништување“, кажа рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФАТЕН НА ДЕЛО, ИТЕН ОДГОВОР НА РУСИЈА!…
Кремљ тврди дека репортерот бил „фатен на…
„Челенџер 2“: Вакви британски тенкови доби Украина
Првиот од 14-те тенкови „Челинџер 2“, што…
Полицијата трага по 17- годишно девојче од…
На 29.03.2023 во 16.35 часот во Полициската…
Бојан Јовановски опериран четири часа, состојбата е…
Заврши операцијата на Бојан Јовановски која траеше…
Јандриоски: Вмровците што плукаат по Максо да…
Ќе ги замолам вмровците кои плукаат по…