Објавено на:

„Глупост е дека Русија ќе ѝ објави војна на Украина на 9 мај“

t

Кремљ ги отфрли шпекулациите дека Владимир Путин ќе ѝ објави војна на Украина и ќе прогласи општа мобилизација на 9 мај, кога Русија го одбележува својот најголем празник, Денот на победата над фашизмот.

Путин ги нарекува руските акции во Украина како специјална воена операција, а не војна и западни функционери шпекулираа дека тој подготвува голема објава в понеделник, вклучувајќи формално прогласување војна.

„Нема шанси, тоа е глупост“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Се очекува Путин да одржи говор и да надгледува воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

Русија истовремено го предупреди НАТО дека ќе ги напаѓа сите пратки со оружје наменети за Украина.

„НАТО продолжува да ја пумпа Украина со оружје. Секој транспорт на оружје и воена опрема на територијата на Украина ќе го сметаме за легитимна цел за уништување“, кажа рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

17 годишно дете од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП”,…

17-годишниот Индиец, Домарају Гукеш, ќе се бори…

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски…

Државната изборна комисија (ДИК) е целосно подготвена…

Навивач на Хофенхајм добил три години затвор…

28-годишен навивач на Хофенхајм доби тригодишна затворска…

Хорор во Тетово: Снаата ја држел дома…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73)…

Во Германија се поретко се вади готовина…

Во Германија се поретко се вади готовина…