Големи маневри на руската армија во Белорусија

Проукраинскиот белоруски канал на Телеграм, на кој се објавуваат разузнавачки информации, се наведува дека во Белорусија вчера биле забележани „значајни“ маневри на тешко руско оружје, пренесува Би-Би-Си Њуз.
Во соопштението се наведува дека возови полни со руско оружје и возила се забележани на железничките станици во главниот град Минск, но и на неколку станици во југоисточна Белорусија.
На железничката станица во Речица, место во југоисточна Белорусија, забележени се тенкови и камиони, како и противвоздушни ракетни системи и оклопни амфибиски возила.
На аеродромот Баранавичи, во западна Белорусија, полетале шест руски борбени и транспортни авиони, а од аеродромот Мачулиши кај Минск полетале неколку руски хеликоптери.
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и му помага од почетокот на војната во Украина. Русија го повлече најголемиот дел од своите сили од северна Украина и се фокусира на источниот регион Донбас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лапале плус хонорари од народот! Што работел…
Општина Кочани, според официјалните податоци, има формирано…
Четири момчиња загинаа во Албанија откако се…
Четири момчиња на возраст од 20 до…
Бугарија е на третото место во ЕУ…
Источна и Југоисточна Европа забележаа најбрз раст…
Треска, крварења – се појавија првите симптоми…
Студентката Сања од Белград во саботата на…
Црвен крст: Досега обезбедeни 42.7 милиони денари…
Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се…