Објавено на:

Големи маневри на руската армија во Белорусија

t

Проукраинскиот белоруски канал на Телеграм, на кој се објавуваат разузнавачки информации, се наведува дека во Белорусија вчера биле забележани „значајни“ маневри на тешко руско оружје, пренесува Би-Би-Си Њуз.

Во соопштението се наведува дека возови полни со руско оружје и возила се забележани на железничките станици во главниот град Минск, но и на неколку станици во југоисточна Белорусија.

На железничката станица во Речица, место во југоисточна Белорусија, забележени се тенкови и камиони, како и противвоздушни ракетни системи и оклопни амфибиски возила.

На аеродромот Баранавичи, во западна Белорусија, полетале шест руски борбени и транспортни авиони, а од аеродромот Мачулиши кај Минск полетале неколку руски хеликоптери.

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и му помага од почетокот на војната во Украина. Русија го повлече најголемиот дел од своите сили од северна Украина и се фокусира на источниот регион Донбас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тошковски: Македонија ги имаше досега најмирните…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на…

(Фото) РЕЗУЛТАТИ: Гордана Силјановска Давкова го води…

Почнаа да стигнуваат првите резултати. На двојните…

Ковачевски: Очекувам граѓаните да одлучат каква ќе…

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар…

Спасовски за ТВ21: Ќе коментирам кога ќе…

Оливер Спасовски од СДСМ пристигна во изборниот…

Затворени гласачките места

Во 19 часот затворени се избирачките места…