„Големи пари се во игра – нашите деца не се глинени гулаби“: Обвинителот за кого Кичеец лекомислено предизвикал смрт, не се жали на пресудата од една година затвор за убиство на полицаец

t

Судскиот процес против кичевецот кој во декември 2019 година во тешка сообраќајка на влезот во Гостивар усмртил еден полицаец, а уште еден бил тешко повреден, лани во ноември заврши со првостепена пресуда од само една година затвор, без очекувана жалба од обвинителот Арсим Адеми. Родителите за загинатиот 23-годишен полицаец реагираат.

На казната се жалеше адвокатката на предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа и побара враќање на неговиот пасош. Обвинителот Aдеми е познат по случајот со Зоран Милевски Кичеец каде за сообраќајка со жртва која се случи поради преминување на полна линија, утврдил небрежност.

„Ова не е судство. Ова нема никаква врска со право и правда. Од Групчин наваму владеат други закони“, велат родителите на Петар Ѓурчиноски кои веќе две години бараат само праведна судска разврска на тешката сообраќајна несреќа која се случи на 28 декември 2019 година во 19,10 часот на влезот во Гостивар во која загина нивниот син полицаец, а уште еден беше тешко повреден.

Полицајците беа удрени за време на вршење увид на друга сообраќајка од возило од Кичево управувано од Шпресим Реџепи (31) од Кичево. И покрај колоната возила, ротационите светла од полициските возила, од противпожарно и медицинско возило, Реџепи со својот „форд фокус“ со брзина од 101 километар на час најпрво го удрил полицаецот Петар Ѓурчиноски (23), кој од ударот бил фрлен од другата страна, преку бетонската ограда на автопатот Тетово-Гостивар каде друго возило му ги нанело смртните повреди. „Фордот“ удрил и во полицаецот Шабани Феим кој добил тешки телесни повреди.

И покрај ваквата тешка сообраќајна несреќа со фатални последици, обвинителот Арсим Адеми поднесува обвинителен предлог (полесна правна категорија), а не обвинителен акт, по што судијата Даут Рустеми на 12 ноември 2021 година пресудува само една година затвор. Во законскиот рок обвинителот не поднесува жалба.

„Големи пари се во игра. И еден од сведоците сам ни кажа дека неколку пати му нуделе пари. Нашите деца не се глинени гулаби. Каде е МВР, каде е министерот Оливер Спасовски да реагира на ова. Па негов полицаец загина на работно место“, вели во солзи и гневен Зоран Ѓурчиноски, таткото на загинатиот полицаец Петар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескобар: Косово треба да го промени пристапот…

Време е за нов пристап на партнерите…

Русите го нападнаа и Харков, двајца ранети

Две лица се повредени откако Русија утринава…

АФРОАМЕРИКАНЕЦ ЌЕ ГИ ВОДИ ВОЕНИТЕ СИЛИ НА…

Сенатот на американскиот Конгрес го потврди генералот…

Османи пред Советот за безбедност на ОН:…

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот…

На денешен ден: Миле Поп Јорданов се…

На денешен ден во 1902 година, во…