Вечерва големо невреме во Скопје, УХМР издаде предупредување за следните денови

УХМР за денеска најави дожд кој во моментов го зафати главниот град Скопје, а освен тоа истиот е проследен со силен ветер.
Освен дожд, снег во овој момент врне на планината Водно, но и сите околни повисоки места во Скопје.
Од УХМР за во текот на ноќта најавуваат дека ќе има услови во делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег.
Од управата издадоа и актуелно предупредување за во следните денови:
Под влијание на влажен бран денес попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка(15-25см), а помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд.
Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер(над 70км/час).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…