Објавено на:

Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани 328 договори во вредност од речиси 68 милијарди евра

t

Русија и Кина ќе продолжат да ја зајакнуваат економската и енергетската соработка, вклучително и развојот на нови правци за испорака на руски гас и нафта.

Исто така, на овогодинешниот Источен економски форум во Владивосток беа потпишани 328 договори со вкупна вредност од речиси 6,8 милијарди рубљи (околу 67,7 милијарди евра).

Посебно внимание на форумот беше посветено на развојот на енергетските и транспортните коридори меѓу Русија и Кина, како и на проектот за гасоводот „Моќта на Бајкал“, претходно познат како „Моќта на Сибир 2“, објави ТАСС.

Руските претставници посочија дека разговорите со Пекинг за проектот продолжуваат.

Рускиот вицепремиер, Александар Новак оцени дека понатамошниот развој на прекуграничната инфраструктура, вклучувајќи ги гасоводите, нафтоводите, пристаништата и транспортните коридори, ќе биде една од клучните насоки на руско-кинеската соработка.

На форумот беше истакнато и дека трговијата меѓу Русија и Кина се зголемила многукратно во последните три децении, додека Кина денес е најголемиот трговски партнер на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повод 8 Септември: Почесна артилериска стрелба…

По повод одбележувањето на 8 Септември –…

Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…

Во првата половина од 2026 година, најскапо…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Инкасатор од Свети Николе затаил 82.000 денари…

62-годишен вработен во „Комуналец“-Свети Николе ќе одговара…