Голем пад во трговската размена меѓу Македонија и Бугарија
Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – мај 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50,4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,2 % во вкупната размена.
Во периодот јануари – мај 2026 година, обемот на размената меѓу Македонија и Бугарија изразен во евра изнесува 399,5 милиони евра (намален за 11,6 отсто). Извозот од Македонија (214,2 милиони евра) е зголемен за 12,9 отсто , а увозот од Бугарија (185,2 милиони евра) е помал за 29,3 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…