Голем пожар над селото Бојане, се шири кон Јегуновце
Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина Јегуновце, зафаќајќи ја околната вегетација.
На терен се мобилизирани значителни противпожарни сили, објави 4news.mk Во моментов, во гаснењето на стихијата учествуваат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување на помош се пристигнати и колеги од противпожарните служби од Тетово.
Ситуацијата директно од терен ја следи и координира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.
„Моментално сум на терен, заедно со екипите ангажирани за справување со пожарот. Од тука директно ги координираме сите активности и потребните капацитети за локализирање и гаснење на огнот. Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни служби и институции ангажирани на терен“, изјави директорот Али.
Од надлежните институции велат дека се прави сѐ за огнот да се стави под контрола и да се спречи негово понатамошно ширење кон населените места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар над селото Бојане, се шири…
Пожар од поголеми размери попладнево избувна над…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…