Голем пресврт! – за се “виновен“ е Боцевски

t

Се освен пораката и медиумот е подложно на крајна релативизација.

Почитуван Героски, ништо од дообјаснувањето околу вашето писание насловено “Чуму и е на Европа една размакедончена Македонија?“, ОБЈАВЕНО ВО Нова Македонија од 14. 01. 2022 г. Се јави неговата екселенција Ивица Боцевски со колумна “За Прогласот и за повторното обединување на македонските интелектуалци“(22-23. 01. 2022г., Нова Македонија) и се објасни. Така јас сфатив дека всушност станува збор за “обединување на интелектуалците“, а не за обединување на Македонците, како што мислев јас. Sory, навистина. Јас не сум интелектуалец кој треба “повторно да се обединува“(а и не сум сигурен дека сум таков интелектуалец како што вие го сфаќате тој поим) и затоа се откажувам од понатамошна дискусија. Ве потсетувам дека “Се освен пораката и медиумот е подложно на крајна релативизација“. Користам прилика, вас и вашата интелектуална дружина да ве поздравам со една “Неолиберална басна“, чиј автор е младиот и квалитетен поет Езекил Хармс.

НЕОЛИБЕРАЛНА БАСНА

(или многупоучна приказна за кокошарникот, слободниот пазар, родовата еднаквост и геополитиката, која, како и секоја добра приказна, почнува во кафеана)

Ни кафеаните веќе не се како порано –
само неколку доајени другите сѐ – недодоени!

Важно работите во неолибералниот кокошарник
се одвиваат прогресивно
кокошките смеат да се изјаснуваат како петли
да бидат заведени како змејови во пасош
и целомудрено да кокодакаат на
Институтот за пост-метафизички студии во Харвард.
Секако условот е да се политички коректни:
да имаат два леви копана и
да не го загрозуваат пазарот за мисиркино месо –
особено околу Денот на благодарноста

И макар што денес сите сме сигурни од птичји грип
кокошкиното слепило е една од контраиндикациите

Следна точка – слободниот пазар
волкот отишол кај лисицата на гурбет
и се вратил назад без крзно
за потоа да биде изеден од Црвенкапа
родово коректно:
слободниот пазар беспрекорно функционира!
Во потрага по морковот зајакот редовно го добива стапот
важно зајачицата е задоволна
А кога ќе му го стават на магарето самарот сосе вреќи
веќе не е политички коректно да се каже оти е насамарено
ами се вели: „магарето треба да е проактивно на пазарот на трудот“.
Крајно недемократски е да се каже дека должничкото ропство
го изгриза животниот стандард –
во време кога имаме толку молови
тоа сигурно ќе да е дело на популистички молци!

И политичкиот дискурс е на правилен ракурс:
откако ја свргнавме тиранијата на
кралот лав и болшевичките свињи
животинската фарма стана најпосле либерална
од кокошка до патка од гуска до шатка –
да се петли може секој
кучињата лаат за човекови права
говедата обвинуваат за говор на омраза
зашто пратеници се именуваат по нив
мајмуните се жалат на расно профилирање –
па така денес за будала не смее да се рече
„да направиш мајмун од некого“ ами:
„да направиш човек од некого“

И Рацин е следствено политички корегиран
и трансродово ревидиран:
„ај пуст да е пуст живот нечовечки!
Роди се неодреден – трансробов биди,
роди се неодреден – бот умри!“

Но геополитиката уште ни задава маки:
додека мачките масовно објавуваат родова неутралност
и ги острат канџите кај тренди стилисти и ен-џи-оу активисти
глувците објавуваат воена неутралност –
се кријат во дупки!
Професијата „глушец“ стана безвредна деновиве
освен ако не најдеш употребна вредност
во вечната војна за сиренце и млекце
Нојот, пак, само ја наби главата длабоко во земја
а газот го крена високо горе
и доби Нобелова награда
за намалување на емисиите на штетни гасови.

Затоа, пак, религијата е супер-кул прогресивна, њу-ејџ трансгресивна:
Јагнето Божјо веќе одамна е демоде
но Златното Теле никогаш нема да излезе од мода!
Пајакот што го спаси Мухамед сега работи за Закенберг
плете антипопулистички мрежи
и лови екстремисти што ко него не се исти
Буда и Платон се здружија заедно
и порачаа: ако веќе мора да јадете – лапајте идеи
кавијар смее да се служи само во Давос
небото им припаѓа на Џеф Безос и Илон Маск
земјата на Вол Стрит и Голдман Сакс
Амин!

Новата вера е хипи-трансцендентална
најпосле постигнавме фармаконирвана
долари, опиум и оксиконтин:
секој е на седмо небо
Осмото е во фаза на изградба –
но само за VIP боженца, sorry!
(Креш курс по неолиберална трансбогословија:
сите луѓе се еднакви но боженцата не се)
Но тоа и не е битно зашто денес секој има право да биде богче
сѐ додека има памет на телефон
несе јајца независно од родот и сојот
и пие кока кола –
Неприкосновено
и законски загарантирано!
(Езекил ХАРМС)

Ете, тоа е мојот поздрав. Кога јас ја читав “Неолиберална басна“ просто уживав “до небото и назад“. За вас не знам. Ама знам кој ќе ја разбере, но сепак не знам кој нема да ја разбере. Инаку, кој е кој? и што е што? во басната секој си толкува по свое наоѓање. Тоа е животот.

Сотир Костов

П.С.

Инаку, драг Герчо, немој да бидеш разочаран. Само да сме живи и здрави, ќе се сретнеме ние пак на некој МЕДИУМ и ќе си размениме ПОРАКИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тридневна жалост во Црна Гора поради убиството…

Во престрелката во Цетиње вчера загинаа 12…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа…

Метео: Сончево и тивко време

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив…

Вршителот на должноста директор на полициската управа…