(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?! Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг” ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс”?
Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја.

Од денес станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква намера да работат во корист на правдата, ниту пак на крај памет им доаѓа да спроведат неселективна правда.

Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг” ДООЕЛ увоз-извоз Делчево.

Фирма чиј сопственик е сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита Салтировска.
Освен донации од фирмата „Салтировски Консалтинг” ДООЕЛ увоз-извоз Делчево на списокот на донатори може да се најде и името на сопругата на началникот на СВР Штип Дејан Салтировски, Анита која освен донации преку компанијата, вршела уплата на донации и од свое лично име.

Она што ВМРО-ДПМНЕ треба да го одговори на Македонската јавност е дали „Салтировски Консалтинг”, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс”?
Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик” ДООЕЛ и „ММММ” Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс” на газда Деко?
Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг” ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс”?
Дали „Салтировски Консалтинг” ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви” кој магично исчезна од судските процеси?
Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?
Македонија нема никаква надеж за неселективна правда, бидејќи ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс” ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски треба да објасни, до кога мисли да врши притисок врз обвинителите со надеж дека ќе ја сокрие вистината.
За крајот, да го потсетиме на една мудрост на неговиот претходник „вистината е како шило, врти, врти и на крајот ќе излезе”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…