Гордана Јанкулоска во Идризово џогира, чита книги истоички се справува со дискриминациите“, вели нејзиниот сопруг и адвокат

t

Гордана Јанкулоска е во одлична психофизичка состојба, достоинствено и стоички се справува со сите малтретирања и
дискриминации, вели нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски во емисијата 360 степени“ на ТВ Алсат.

Илиевски вели дека во затворот „Идризово“, каде што е на издржување на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“, Јанкулоска џогира секојдевно и се храни здраво, па затоа нема простор за грижа од тој аспект. Тој додава дека тие како семејство имаат можност да се гледаат само три пати месечно во времетраење од еден час, а истата одлука е и за нивниот 4-годишен син.

„Мајка ми на 75 години мораше да упадне, практично таа се пресели кај нас и ја игра улогата на мајка. Морам да ги поздравам и да се заблагодарам на воспитувачките и учителките во градинката каде што оди, го прифатија како свое дете и свесни за тоа што му недостига во животот, се обидуваат и тие, на еден или на друг начин, да му го компензираат тоа со грижата што му ја даваат во градинка. Така што, се снаоѓаме“, вели Илиевски.

Тој вели дека Јанкуловска комуницира и со екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева која ги поднесе обвиненијата против неа.

Тие, како што рече Илиевски, се сместени во соби кои се една наспроти друга.

Гордана не е таков тип на човек, не ѝ дозволува домашната култура и воспитување да не комуницира со кого било, па вклучително и со Катица. Нормално, тие комуникации се за некои дневни потреби, прехранбени производи и нешто слично. Значи, нема комуникација во однос на обвиненијата. Гордана не би сакала да разговара на таа тема затоа што сега, пост фестум, што и да каже Катица е беспредметно и нема да смени ништо“, рече Илиевски.

Инаку, претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека Гордана Јанкуловска е дискриминирана од затворот Идризово. Тој вели дека таа, како и екс премиерот Никола Груевски до сега до него немаат побарано помилување. Единствен кој побарал помилување од случајот „Тенк“ е поранешниот шеф на набавки во МВР, Ѓоко Поповски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…