Толку од патриотизмот: Мицкоски почна отворено да пропагира промена на Уставот, било европски!

t

Од “цврст” став за неменување на Уставот, преку единствениот бедем за заштита на македонштината, потоа “не сме за промена на Уставот под овие околности“, Мицкоски сега дојде до отворено пропагирање за внес на Бугарите во Уставот. Мицкоски го надмина и Заев во промена на ставовите, Заев имаше став за еден ден, Мицкоски од утро до вечер се демантира.

Во изјава за медиумите вчера од Штип, тој нагласи дека веднаш е за промена на Уставот “по хрватски терк”, за денеска партијата на прес-конференција да почне да ја промовира таа идеја за уставни промени.

-Власта многу пати досега на темата уставни измени во јавноста ги пласираше тезите за промена на уставот на Република Македонија, по моделот во Република Хрватска. Оваа држава, Република Хрватска, е земја членка на ЕУ па оттука и промената на уставот по т.н хрватски модел за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив. Затоа, испраќаме јавна понуда до власта при промена на нашиот устав да го примениме хрватскиот модел во целост во однос на преамбулата, рече портлапорлката Марија Митева на денешната прес-конференција.

Можеби ваквата “хрватска”, пардон, европска промена е само уште една манипулација за замајување и залажување на народот, која очигледно ја поддржуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на социјалните мрежи веќе почнаа да беседат во поддршка на “лидерот”.

Денеска Рубин Земон отворено “го пофали” Мицкоски дека ги отворил вратите за уставни измени.

Инаку Мицкоски пред неколку денови “се чаталеше” дека отворено ги одбил аргументите на гермнската амбасадорка за промена на Уставот, за време на средбата на балкон каде му понудија колачиња и кафе.

“Новиот” став на Мицкоски и партијата ја потврдува изјавата на вицепремиерот Артан Груби кој изјави дека мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот ќе има, а сега се работи и на тоа целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи измените.

Хрватски или не, уставни измени очигледно ќе има, останува да видиме дали Мицкоски ќе се испазари само за осум, или ќе ја продаде целата пратеничка група… А едно време потпишуваа нотарски изјави што или ги изгубиле, или ќе им служат за потпалок…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…

Петровска: Кога ќе дојдат, поставете им неколку…

Доста беше негрижа од градоначалниците и кревање…

(Фото) Панче Тошковски фатен како со службено…

На социјалните мрежи се појави фотографија од…

Јакимовски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика…

- Секојдневно сме буквално бомбардирани од нови…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…