Го оставил автомобилот отклучен, па му го ограбиле
На 23.12.2021, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Единица за интервентна полиција го привеле А.А.(37) од Скопје, поради тоа што истиот ден на ул.,,Лазар Личеновски” одзел повеќе предмети од незаклучено возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(28) од Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следеле, претепале и ограбиле маж кај трговски…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото…
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно…
(Видео) Полицајци спречија ширење на пожар на…
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна…
Разбојник му влегол дома на 82-годишен жител…
Дрзок разбојник вчеравечер влегол во домот на…
Приведени две лица од струшко за обид…
Две лица од струшко се приведени во…