Приведени две лица од струшко за обид за убиство
Две лица од струшко се приведени во полиција поради обид за убиство на нивни сограѓанин, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, на 2 август, 30 минути по полноќ во ОВР Струга лишени од слобода се Д.У.(37) и В.Б.(36), двајцата од струшкото село Корошишта откако претходно, било пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга, се случила вербална расправија меѓу нив, од една и А.А. и А.У. од друга страна, од Корошишта.
– Притоа, според пријавеното, А.А. извадил нож и замавнал кон Д.У. и го повредил по што, бил пренесен во Општата болница во Струга каде биле констатирани тешки телесни повреди, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…
Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…
Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…