Грабеж: Патарините од Скопје до Штип ќе чинат 160 денари во еден правец

Патувањето од Скопје кон Штип во еден правец ќе чини 160 денари, кажа денеска директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта Ејуп Рустеми.
-Донесени се цените на двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип кои, според Програмата за работа на претпријатието треба да бидат пуштени во вториот квартал од годинава.Цената на патарините се утврдува според Законот, по километар 2,57 денари. Така што, кај Преод ќе биде 50 денари, а Кадрифаково ќе биде 70 денари цената, рече Рустеми.
Доколку на ова се додаде патарината кај Миладиновци, патувањето од главниот град кон Штип ќе не чини 160 денари во правец за патарини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец ја истепал сопругата
Полицијата приведе 64-годишен скопјанец поради напад врз…
(Видео) ГОРДЕЈ СЕ МАКЕДОНИЈО! СКОПЈЕ Е ЕВРОПСКА…
Градот Скопје стана Европска престолнина на културата…
ЈСП: Бруцошите имаат право на бесплатен превоз
Во пресрет на почеток на академската 2023/2024…
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Крлежи носители на Конго-кримска хеморагична треска пронајдени…
Во скопскиот регион се откриени крлежи кои…