Градоначалникот на Арачиново: Секоја општина има криминални групи, не само ние

t

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори на обвинувањата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во Арачиново има криминални групи со кои полицијата соработува.

– Надлежностите на локалната самоуправа се ограничени. Ние како локална власт немаме ингеренции, немаме ниту полициска станица, туку го имаме само регионалниот центар Гази Баба. Полицискиот командир ги нема овие податоци. Конечно, секоја општина има свои проблеми, во секоја општина има такви групи. Но, сепак ние сме заинтересирани да нема такви групи во нашата општина, ниту во другите општини – рече Ибраими.

Тој уверува дека екипите на ЕВН нормално си ја продолжуваат работата и дека немаат никакви проблеми и закани од жителите на оваа општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арачиновец им извадил пиштол на работници на…

55-годишен жител на скопското село Арачиново вчера…

Обид за убиство во Арачиново – МВР…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20)…

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

(Фото галерија) Арачиново под полициска опсада! Еве…

Полициска акција во која се вршат претреси,…

Едно лице е уапсено, едно е во…

Во врска со извршеното кривично дело „убиство”…