Во Арачиново уапсено лице барано со централна потерница
Денеска (18.04.2025) околу 08:30 часот во с.Арачиново, по преземени оперативно – тактички мерки, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје. Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Идризово за издржување на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…