ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДПМНЕ ГАЗАТ ВРЗ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ
Наместо да оддадат достојна почит пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и делегацијата што ја предводеше – демонстрираа крајно непочитување кон државата. Во еден срамен и понижувачки чин, тие буквално газеа врз македонското државно знаме!
Со тоа директно е прекршен Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија кој јасно налага: „Грбот и знамето на Република Македонија… не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.“
Овој скандал не е изолиран инцидент, туку уште еден симптом на хроничната политичка хипокризија и плиткиот, евтин квазипатриотизам на ДПМНЕ. Нивните функционери низ цела држава редовно ја обесчестуваат симболиката на Републиката со знамиња кои висат искинати, избледени, валкани. Тоа укажува на една институционализирана негрижа, недостоен политички формализам и фолклорен патриотизам.
Левица веќе подолг период наназад поднесува претставки за вакви и слични прекршувања, но системот останува нем бидејќи во Република Македонија сѐ уште не постои институција што санкционира сквернавење на државните симболи. Закон за правилна употреба на државните инсигнии постои, но тој останува мртво слово на хартија бидејќи нема кој да ги изрече пропишаните глоби.
Токму затоа, наскоро во собраниска процедура ќе влезе Законот за инспекторат за државни инсигнии, предложен од Левица, со кој конечно би се воспоставил институционален механизам за заштита на државните симболи. Со овој Закон би се обезбедил надзор, санкции и одговорност за сите што ги сквернават или ги занемаруваат симболите на државата.
Само со јасна законска регулација и санкции ќе се научат, првенствено функционерите, дека Македонија не се брани со пароли, туку со дела. Љубовта кон татковината се мери со почитта што ѝ ја укажуваме и начинот на кој го штитиме нејзиното достоинство, а не со самопрогласување за патриоти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…