Крвав хорор со ножеви во Чаир – тројца се ранети, меѓу нив и 14-годишно момче

t

Во крвава тепачка во која биле користени ножеви, доцна попладнево на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир се ранети тројца луѓе, од кој најмладиот е момче од 14 години, потоа уште еден тинејџер (18) и човек на возраст од 64 години.

Според МВР, инцидентот се случил „по претходно недоразбирање“. Тројцата ранети се итно пренесени во болница, објави „Мета“.

Крвавиот инцидент се случил пред 20 часот, а според пријавата, на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, кај маркетот „Веро“ физички се пресметале 14-годишно момче и С.Р.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје. Во пресметката тие употребиле ножеви и сите тројца се повредени. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.

На местото на настанот вечерва има големо присуство на полицијата, а жителите на населбата се вознемирени. Полицискиот увид кој се врши го забави сообраќајот во тој дел од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Откриен магацин со нелегални лекови во…

На 21.09.2026 година, спроведено е полициска акција…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…

Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…

Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…

Определен притвор за едно лице за претепаниот…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…