Градоначалничката Арсовска во посета на децата во СОС Детско село Скопје

t

Градоначалничката на град Сопје, Данела Арсовска, денес посети дел од семејства на СОС Детско село Скопје и им достави пакети со храна и подароци за децата.

„Денеска посетивме дел од згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје кои згрижуваат и овозможуваат топол дом и семејство на поголем број деца во социјален ризик, деца без родители и деца и млади кои се лишени од правото на родителска грижа. При посетата доставивме пакети со прехранбени производи за 68 загрижувачки семејства како и подароци за децата. Со Александра Ивановски, директорката на СОС Детското село и дел од родителите од згрижувачките семејства разговаравме за живот таму, предизвиците со кои се соочуваат и можностите со цел обезбедување на поквалитетни услови за живот“, соопшти Арсовска на социјалните мрежи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…