Градот Скопје најавува авионска дезинсекција против комарци викендов

t

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на викендот, односно на 19.09.2026 година (сабота) и 20.09.2026 година (недела), во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на главниот град, насочена против возрасни форми на комарци.

Од градската управа информираат дека доколку временските услови бидат неповолни и не дозволуваат безбедно изведување на акцијата, прскањето ќе се одложи за првиот нареден ден кога временските прилики ќе бидат стабилни, во истиот термин.

Со оглед на тоа што акцијата се изведува од воздух, упатен е итен апел до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства и да ги обезбедат своите кошници.

Дополнителни информации граѓаните можат да следат преку официјалните канали на Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градот Скопје најавува авионска дезинсекција против комарци…

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во…

Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…

Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Во Скопје на 20 и 21 август…

Град Скопје ги известува граѓаните дека во…