Објавено на:

Град Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на инвертер клима

t

Градот Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима-уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима-уреди почнувајќи од 1.1.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 1.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по датум и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.

Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена в понеделник на интернет-страницата на Град Скопје http://www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата http://www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана в понеделник.

За оваа намена во Буџетот на Град Скопје за 2022 година се предвидени 24 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Невреме со пороен дожд и грмежи…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…