Објавено на:

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала дупка во Гази Баба за да фрла ѓубре!

t

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска во општина Гази Баба фатил „фирма која копала огромна дупка за во неа да фрла ѓубре и опасен отпад“.

Како што соопштија од Град Скопје, на локацијата „се вршеле нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина“.

„Апелираме до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи неказнивоста и непостапувањето предизвикува сторителите на вакви дела да мислат дека се недопирливи пред законот. Фирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110 кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје. На ова земјиште сопственост на Република Македонија се прави сериозна штета на главниот далновод, известени се сите надлежни институции за кои очекуваме да не се кријат и да постапуваат“, соопштија од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…

Слаб земјотрес вечерва во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…

Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје

На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…