Објавено на:

Град Скопје: Го предводиме регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води

t

Град Скопје кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот, велат од Град Скопје.

„Проектот го имплементира ЈП Водовод и канализација Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) за иградба на современа централна пречистителна станица за отпадни води, лоцирана помеѓу општините Гази Баба и Аеродром, опфаќа проектна површина од 184.610 м2.

Овој еко трансформативен проект вклучува изградба на 58 објекти, од кои повеќето веќе се во активна фаза на изградба, а вклучуваат пумпна станица за сирова вода со лев и десен колектор што се протега на 1050 м2, објект за прифаќање на површина од 470 м2, таложници за песок и маслофаќачи на површина од 1450 м2 и дигестори кои зафаќаат површина од 2000 м2.

Со изградбата на пречистителната станица се обезбедува примарен и секундарен третман, со користење на најсовремена технологија и опрема за биолошки третман на отпадни води. Овој проект има за цел значително да го подобри квалитетот на површинските и подземните води, со што ќе се придонесе за целокупно подобрување на состојбата на животна средина и здравјето на жителите на Скопјe.

Проектот на Пречистителната станица на Скопјe ги предводи еколошките иновации, со користење врвна технологија и опрема, со што претставува пример во тековните проекти во регионот.  Овој проект е доказ за потенцијалот за соработка меѓу локалните власти и меѓународните партнери за справување со критичните еколошки предизвици, со цел подобрување на квалитетот на живот и зачувување на природните ресурси за идните генерации“, соопштија од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…