Град Скопје продолжува со офанзивата – денес започна да со расчистување на дивата депонија кај Железничкиот мост во Гази Баба

t

Град Скопје денес започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба. На оваа депонија секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, но пред се го загрозува здравјето на жителите од оваа општина.

Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија, која зафаќа површина од над 13.000 метри квадратни.

Целосно е исчистена и депонијата во населба Лисиче на ул. Ѓорѓи Крапчев на површина од околу 18.000 метри квадратни, со исчистена и транспортирана голема количина на комунален отпад, смет и градежен шут.

Градот Скопје продолжува со интензивно чистење на дивите депонии кои се мапирани на територијата на Скопје, а екипите на јавните претпријатија работат во две смени со цел побрзо и поефективно чистење и санирање на истите. Дополнително, Градот воведе засилен инспекциски надзор и неселективно ќе бидат изрекувани големи казни за сите кои не го почитуваат законот, а со тоа и ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…