Град Скопје: Решени се 1077 барања на граѓаните – Какви барања имале скопјани?

t

Решени 1077 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.273 барања, од кои решени се дури 1.077 проблеми. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл пријавувале и барале да се исчистат диви депонии, да се постават заштитни столпчиња на јавните површини и тротоарите за да се спречи непрописното паркирање, како проблеми со улични кучиња.


На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши сите проблеми кои ги имаат.

Линк до Фејсбук статусот на Град Скопје: <a href="http://<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FCityofSkopje%2Fposts%2F5041298102583028&show_text=false&width=500" width="500" height="190" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share">http://<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FCityofSkopje%2Fposts%2F5041298102583028&show_text=false&width=500″ width=”500″ height=”190″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од булевар АСНОМ утре ќе остане…

На ден 19.05.2022, поради уличен дефект ф-100…

Приведен 40 годишен скопјанец, бил баран со…

Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка…

Делови од Кисела Вода утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците…

Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на…