Град Скопје со јавен повик – Проверете дали може да аплицирате

t

Објавен јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита.

Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.

Во рамките на овој повик, проектите кои ќе бидат поддржани од страна на Градот Скопје, треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:

1. Остварување социјална заштита на лица со попреченост
2. Остварување социјална заштита на лица кои употребуваат дроги
3. Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани
4. Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности
5. Унапредување на здравствена заштита

Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и образецот за предлог – проект се достапни на следната интернет врска

https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 23.02.2022 година, до 15:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…