Град Скопје фокусиран на заштита на животната средина: Неколку булевари добиваат нови дрвореди
Од Град Скопје известуваат дека неколку булевари од денеска добиваат нов дрворед и дека Град Скопје е фокусиран на подобрување на заштитата на животната средина.
Ова е Фејсбук статусот на Град Скопје:
“Нови дрвореди на булеварите Илинден и 8-ми Септември
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засадија нови квалитетни садници на булевар Илинден и на булевар 8-ми Септември. Нови дрвореди составени од квалитетни зимзелени и листопадни дрвја ќе ги раззеленат двата булевара.
Градот Скопје периодов е силно фокусиран на подобрување на заштитата на животната средина. Садењето на дрвјата е дел од реализацијата на концептот Зелен и чист град за уредување на нови паркови, подигнување на нови зелени површини, сезонски акции за садење на нови квалитетни садници и подигнување на нови дрвореди во Скопје.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…