Град Скопје: Ја повикуваме госпоѓата Јанчева да ги врати сите пари што ги потрошила од сметката на град Скопје за кафеани
Како град Скопје сакаме да реагираме на изјавата на госпоѓата Љубица Јанчева од СДСМ за празната каса на град Скопје. Госпоѓата Јанчева најдобро знае зошто е испразнета буџетската каса на Град Скопје.
Ја повикуваме Јанчева ако навистина се грижи за градскиот буџет да ги врати сите средства потрошени на име угостителски услуги што таа лично ги потрошила на сметка на град Скопје. Од градот веќе е поднесена една кривична пријава за Јанчева за злоупотреба на градскиот буџет за оваа намена и очекуваме државните органи соодветно да постапат по истата, велат од Град Скопје.
-Град Скопје и оваа градска администрација работат исклучиво за потребите и барањата на граѓаните, а дополнително се кратат сите непродуктивни трошења со цел обезбедување на што е можно повеќе средства за нови проекти за Скопје и скопјани, се додава во нивното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Пандов и Меџити јасно ја лоцираа…
Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира…
Цената на златото за прв пат над…
Цената на златото денеска за прв пат…
Филипче: Кредитот од Унгарија е бизнис план…
Ставање на државата во економско и политичко…
Километарски колони за излез од Македонија
На граничните премини ГП Табановце и Богородица…
Ја има и нашата пастрмајлија: Во Сингапур…
Во Сингапур е отворена југосовенска фурна, слаткарница…