Цената на златото за прв пат над 2.500 долари
Цената на златото денеска за прв пат се искачи над 2.500 долари за унца, поттикнувајќи ги очекувањата дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки.
Цената на златото попладнето достигна 2.500,16 долари бидејќи најновите податоци на пазарот на недвижности во САД покажуваат дека намалувањето на каматните стапки во САД ќе биде побрзо и позначајно од очекуваното.
Пониските каматни стапки се генерално позитивни за златото бидејќи тоа не плаќа камата, пишува Bloomberg.
Цените на златото се зголемија за повеќе од 20 отсто оваа година, бидејќи овој благороден метал се смета за безбедно засолниште за капиталот во денешниот свет на растечки геополитички ризици на Блискиот Исток и Украина. Светските централни банки се многу заинтересирани за златото и со тоа што го купуваат дополнително ја зголемуваат неговата цена, наведува њујоршката агенција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
Падна цената на златото на светските берзи
Падна златото на светските берзи. Цената за унца…
Златото денес чини 126 евра за грам
Цената на златото денес на светските пазари…
Денес грам злато чини 130 евра
Цената на златото на светските пазари денес…
Златото поевтино од вчера, грам се тргува…
Цената на златото денес на светските берзи…