Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за парно и струја, кризата со парното е четврта по ред, реагира Митева

t

„Кризата со снабдување со топлинска енергија е четвртата криза која е реалност заради лошото владеење на СДСМ. Граѓаните се соочуваат со поскапи сметки за парно греење и струја затоа што власта е неспособна да изнајде решение. Неспособноста на СДСМ сега граѓаните ја плаќаат преку буџетот. Снабдувањето со електрична и топлинска енергија е доказ дека економскиот и енергетскиот тим на СДСМ нема идеја и нема план како да се справи со кризите кои сами ги создадоа“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава:

„Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно. Тоа се 1000 до 1600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство. Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните. Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, додека владата е единствен субјект кој што може да влијае снабдувачите да добијат поевтин гас. Но СДСМ не е способна пред се да предвиди каков ценовен шок ја очекува Македонија со енергенс како гасот, а дури потоа да предвиди кои мерки се оправдани за неутрализирање на кризата. Ваквата неспособност на СДСМ секојдневно го намалува стандардот на народот.

Поради недомаќинското работење на власта сме на раб да останеме без топлинска енергија. Доколку навреме се справуваа со енергетската и топлинската криза и ако владата работеше одговорно, ваков ценовен шок граѓаните немаше да доживеат.

Зошто Владата дозволи да се прогласи кризна состојба со снабдување на топлинска енергија кога цената на гасот како енергенс може да се предвиди? Зошто Владата на СДСМ не успеа да обезбеди гас по ниска цена како што тоа го направија и останатите земји од регионот и светот? СДСМ е должна да одговори и да понесе одговорност затоа што по зголемената струја за 15% и зголемената цена на парното за 14% истото е на штета на граѓаните и Владата залудно манипулира дека успешно се справила со предизвиците кои всушност истата оваа влада ги создаде“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…

Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…

СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…

Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…