Граѓаните ќе можат кај својот матичен лекар да потпишат изјава за согласност за органдонорство
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.
„Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на органдонорството, како највисок акт на човекољубие со кој се спасуваат човечки животи. Целта е волјата на граѓанинот да биде примарна, системот да биде потранспарентен и подоверлив, а личната одлука да се врати таму каде што ѝ е местото – кај самиот човек, појаснува министерот Алиу.
Предвидено е и воведување национална листа која ја води Министерството за здравство во „Националниот систем за електронски евиденции во здравството“, како и други административно-технички доуредувања на законскиот текст.
Линк од ЕНЕР: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=121448
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните ќе можат кај својот матичен лекар…
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР)…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…
Владата планира да набави 100 амбулантни возила…
Директорот на Службата за општи и заеднички…
„Мој термин“ не работи – директорката вели…
Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска…