Владата планира да набави 100 амбулантни возила во следните две години

t

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски најави дека Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила. На последната седница на Владата е донесена одлука Министерството за здравство да спроведе набавка на овие возила со одложено плаќање на пет години.

– На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година со одложено плаќање на пет години. Од она што го имам разговарано со министерот за здравство Азир Алиу, најверојатно 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година, рече Томовски вечерва во дневникот на ТВ Сител.

Томовски посочи дека се прави исчекор во подобрување на возниот парк, со фокус на функционалноста и неопходноста, наместо на луксуз.

Тој додаде дека покрај амбулантните возила, се очекува и набавка на противпожарни возила, со цел подобрување на условите за работа на службите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…