Граѓаните ќе плаќаат најмалку 600.000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав

t

Граѓаните ќе плаќаат најмалку 600.000 евра за апанажа на пратеници од минатиот состав, реагираат од политичката партија Левица.

– Деновиве во јавоста излезе информација дека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, до сега, на најмалку 29 пратеници од минатиот парламентарен состав им одобрила да земаат апанажа во траење од една година, која е во висина на платата на пратениците, а истата ја исплаќа Собранието.

Само досега потврдените апанажи на поранешните пратеници ќе ја чинат државната каса над 600 000 евра. Велиме досега бидејќи рокот за поднесување на барања за апанажа трае до 28 јуни, а право на апликација имаат вкупно 57 пратеници од минатиот состав.

Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…