Грета Тунберг е уапсена во Хаг!

Полицијата во Хаг ја приведе активистката Грета Тунберг за време на демонстрациите. Таа е приведена за време на блокадата на главниот автопат кој води кон Хаг.
Холандската полиција ја уапси климатската активистка Грета Тунберг за време на демонстрациите и блокадата на автопатот во Хаг, објави Ројтерс.
Тунберг беше сместена во голем автобус од полицијата заедно со други демонстранти кои се обидоа да блокираат важна сообраќајница што води кон Хаг.
Климатските активисти неколку пати го блокираа автопатот во последните месеци барајќи крај на сите субвенции за фосилни горива.
Полицијата ги одведе демонстрантите од претходните протести во друг дел од градот, каде што беа ослободени без дополнителни последици.
Полицијата не излезе со никакви соопштенија.
Тунберг и претходно беше уапсенa поради блокади. Судот во Малме ѝ изрече две казни откако таа не ја послуша наредбата на полицијата за време на еколошки протест на пристаништето во шведскиот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос на Блаце: Се обиделе да бегаат…
Километарски колони се формирани на граничниот премин…
(Видео) Големо полициско присуство и блокиран сообраќај…
Вечерва е забележано големо присуство на полицијата,…
Има уапсени за експлозијата кај Зубин Поток,…
Полицијата изврши рација, има уапсени лица и…
Повеќе апсења за дрога низ Скопје
Во текот на вчерашниот ден и рано…
Низа апсења за дрога во изминатото деноноќие,…
Во изминатото деноноќие полицијата лиши од слобода…