Грковска-Ескобар: Република Македонија е на правиот пат да ги оствари своите цели и се смета за пример во регионот
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, на која се разговараше за важната улога во регионот која Република Македонија ја има во очите на САД како добар партнер, но и сојузник што означува уште повисоко ниво на партнерство и пријателство.
Вицепремиерката Грковска нагласи дека стратешкото партнерство со САД за Македонија е од суштинско значење и изрази благодарност за поддршката што САД ни ја дава особено во делот на справувањето со корупцијата, како еден од најзначајните приоритети во градењето на демократски и економски силно општество.
Заменик помошникот државен секретар Ескобар истакна дека покрај чекорите кои Владата на Република Македонија неуморно ги презема со цел остварување на стратешките цели на државата, како членка на НАТО Сојузот е безрезервно вклучена и во поддршка на Украина од секој аспект, како со донации така и со згрижување на бегалците кои се жртви на руската агресија.
Вицепремиерката Грковска го информираше заменик помошникот државен секретар Ескобар за активностите кои се отпочнати од страна на Кабинетот за добро владеење и се она што е претстојно во насока на борбата против корупција, доброто владеење и дигитализацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица го освои Берлин, кој првпат може…
Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…
Личните документи ќе ги имаме на мобилен…
Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…
ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…
Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…
Европските министри за надворешни работи ќе се…
Европа се соочува со огромен недостиг од…
Европската енергетска криза може да добие нова…