ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка

t

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ најостро ја осуди новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски, оценувајќи дека станува збор за продолжување на, како што велат, политичката пресметка со неистомислениците.

Од партијата посочуваат дека пријавата доаѓа во период кога Јакимовски се наоѓа во болница и, според нивните наводи, за само месец и половина поминал низ три операции.

„Наместо човечност, институционална воздржаност и почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка“, велат од ГРОМ.

Од партијата прашуваат зошто повторно се постапува против Јакимовски и зошто токму сега, наведувајќи дека пред само неколку дена Врховниот суд ги укинал претходните пресуди против него и предметот го вратил на повторно постапување.

„Зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?“, прашуваат од ГРОМ.

Во соопштението партијата се осврнува и на дивоградбите во Чаир, барајќи од институциите истраги и одговорност за евентуалното незаконско постапување.

Според ГРОМ, јавноста очекува одговори за тоа кој дозволувал и градел, кој потпишувал и кој со години не реагирал на дивоградбите.

„Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница. Ова повеќе не изгледа како борба за владеење на правото. Ова изгледа како политичка пресметка со неистомисленици“, се наведува во соопштението.

ГРОМ ја повикува власта да престане, како што велат, да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок, обвинувајќи за селективност и двојни стандарди во постапувањето.

„Додека Јакимовски се бори за своето здравје во болница, власта продолжува да се пресметува со политичкиот противник. Тоа не е демократија. Тоа не е владеење на правото“, порачаа од партијата.

ГРОМ бара институциите да постапуваат еднакво кон сите, транспарентно и без политички притисоци, а воедно повторно го отвора прашањето за дивоградбите во Чаир.

„Кога ќе дојде редот на дивоградбите во Чаир и до кога власта ќе се пресметува со опозицијата наместо да ги решава проблемите на граѓаните?“, прашуваат од ГРОМ.

Од партијата најавуваат дека ќе продолжат, како што наведуваат, да ги бранат демократијата, политичкиот плурализам и правото на секој што мисли поинаку да биде слушнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…