ГРОМ: Згрозени сме од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

t

Граѓанската опција за Македонија е згрозена од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори. – стои во соопштението до медиумите на партијата ГРОМ

Имајќи во предвид дека Левица е значајна парламентарна и опозициона политичка партија, да се исклучи од рекламниот простор во битката за локалните совети и градоначалници е скандалозна, недозволива за земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО.

Па нели како напредуваме кон ЕУ и во НАТО треба да ги зголемуваме демократските капацитети на општеството, а ние напротив, создаваме тоталитарен систем својствен за други општества и други времиња. Ја осудуваме ваквата одлука на АВМУ зошто ГРОМ бара фер избори без насилие, без медиумска злоупотреба и со еднаква шанса за сите.

Целта на државното финансирање на медиумската кампања на изборите е да се овозможи медиумски простор и на помалите политички партии, на независни кандидати, со цел да се поттикне плурализмот, да се подигне демократскиот капацитет на општеството и граѓаните да имаат поголема понуда и да направат вистински избор.

Владеачката партија секојдневно го узурпира медиумскиот простор, милионски суми зема од државата за финансирање на партијата, а сега и милионски суми за рекламирање. Со медумска окупација и елимирање на политичките противници на нечесен начин, животниот стандард, бизнис климата, безбедноста на граѓаните, правната држава, животната средина и целокупниот животен амбиент нема да станат подобри, туку напротив, шарените лаги ќе дојдат уште повеќе до израз.

ГРОМ сака победа, сака добар резулат на избори, но во фер и чесни услови. Ова е само предвесник на настаните што ќе следат на овие локални избори во бескомпромисната битка на претставниците на власта, за да ја окупираат најблиската власт на граѓаните, а тоа е локалната самоуправа во која тие немаат добри резултати.

Со почит,
ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРОМ: Згрозени сме од последната одлука на…

Граѓанската опција за Македонија е згрозена од…

Левица: Иако Тошковски и Мицкоски целосно застанаа…

Иако министерот Тошковски и премиерот Мицкоски целосно…

Левица: Нема вода за стружани – има…

„Додека делови од Струга се оставени и…

СДСМ го доби бројот 5, ВМРО-ДПМНЕ 9,…

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржа…

Апасиев: Ко ќе дојде Левица на власт,…

Кога ќе дојде Левица на власт, БЕЛАТА…