ГРОМ: Згрозени сме од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори
Граѓанската опција за Македонија е згрозена од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори. – стои во соопштението до медиумите на партијата ГРОМ
Имајќи во предвид дека Левица е значајна парламентарна и опозициона политичка партија, да се исклучи од рекламниот простор во битката за локалните совети и градоначалници е скандалозна, недозволива за земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО.
Па нели како напредуваме кон ЕУ и во НАТО треба да ги зголемуваме демократските капацитети на општеството, а ние напротив, создаваме тоталитарен систем својствен за други општества и други времиња. Ја осудуваме ваквата одлука на АВМУ зошто ГРОМ бара фер избори без насилие, без медиумска злоупотреба и со еднаква шанса за сите.
Целта на државното финансирање на медиумската кампања на изборите е да се овозможи медиумски простор и на помалите политички партии, на независни кандидати, со цел да се поттикне плурализмот, да се подигне демократскиот капацитет на општеството и граѓаните да имаат поголема понуда и да направат вистински избор.
Владеачката партија секојдневно го узурпира медиумскиот простор, милионски суми зема од државата за финансирање на партијата, а сега и милионски суми за рекламирање. Со медумска окупација и елимирање на политичките противници на нечесен начин, животниот стандард, бизнис климата, безбедноста на граѓаните, правната држава, животната средина и целокупниот животен амбиент нема да станат подобри, туку напротив, шарените лаги ќе дојдат уште повеќе до израз.
ГРОМ сака победа, сака добар резулат на избори, но во фер и чесни услови. Ова е само предвесник на настаните што ќе следат на овие локални избори во бескомпромисната битка на претставниците на власта, за да ја окупираат најблиската власт на граѓаните, а тоа е локалната самоуправа во која тие немаат добри резултати.
Со почит,
ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…