Да не бевте вие немаше да го смениме името, исто ќе биде и со Бугарите: Груби вели дека дуваат нови ветришта во ВМРО-ДПМНЕ

t

Во своето излагање одговарајќи на прашањата за изградбата на коридорите 8 и 10д, вицепремиерот Артан Груби изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи тој крупен инфраструктурен проект, како што очекува и поддршка за уставните измени затоа што, како што рече, во таа партија „владее позитивна атмосфера и дуваат нови ветришта“.

– Се надевам дека ќе го поддржите проектот, како што очекувам ваш придонес и за уставните измени, да помогнете во изградбата на европска Северна Македонија со вашиот придонес. Се надевам дека новите ветришта што дуваат во ВМРО-ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија, како што тоа го направивме заедно со вас минатиот мандат. Да не бевте вие, немаше Македонија да биде во НАТО, да не бевте вие со вашите гласови немаше да имаме уставни измени. И денеска ќе биде истото – утре заедно ќе гласаме со вас. И многу сум радосен за позитивната атмосфера што владее во ВМРО-ДПМНЕ – рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…

Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…

Моралната одговорност не се мери на избори

Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…

Израел им забрани на граѓаните да ја…

Израел им забрани на своите граѓани да…

Успешна евакуација на првата група македонски државјани…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…

Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…