Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни американски сили, конгресмени се обидуваат да го спречат Трамп да го нападне Иран
Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца неименуван извори објави дека претседателот Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста САД да се приклучат во војната помеѓу Израел и Иран и да ги нападнат иранските нуклеарни објекти. Тоа би значело директен конфликт помеѓу САД и Иран.
Трамп денеска го свикува Советот за национална безбедност на кој ќе се разговара за војната меѓу Иран и Израел.
Тој денеска објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“. Исто така ги повика жителите на Техеран да се евакуираат.
Претходно, американските медиуми објавија дека на Блиски Исток се распоредени дополнителен број борбени авиони, меѓу кои и Ф-16, Ф-22 и Ф-35.
Денеска во Средоземно Море забележани се повеќе американски воени танкери за надополнување на гориво и воени авиони како летаат кон исток.
Вчера американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“, кој пловеше во Јужно Кинеско Море се упати кон Блиски Исток. Носачот на авиони Нимиц е на нуклеарен погон и е еден од најголемите воени бродови во светот.
Американскиот министер за одбрана Пет Хегсет на Икс објави дека САД распоредува дополнителни способности за да ја засили одбранбената позиција во регионот.
Во меѓувреме во американскиот Конгрес беше презентиран двопартиски предлог-резолуција што би го спречил Трамп да нареди воен напад врз Иран без одобрение од Конгресот.
– Уставот не ѝ дозволува на извршната власт еднострано да иницира воен акт против суверена држава што не ги нападнала САД. Војната меѓу Израел и Иран не е наша војна. Дури и да е, според Уставот, таа мора да ја одлучи Конгресот, изјави републиканскиот конгресмен Томас Маси.
Целта на резолуцијата е да се ограничат овластувањата на Белата куќа во водењето надворешна политика, во време кога Трамп сè повеќе отворено му се заканува на Иран и најавува можност за воена акција врз нуклеарните постројки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…