Груби од Чаир: Мојата рака е подадена, сега ни треба обединување, не раскол

t

Првиот вицепремиер Артан Груби, вечерва, на партиска трибина во Чаир порача дека неговата рака останува подадена и дека потребна е обединетост, а не дополнителен раскол.

– Овде сме вечерва затоа што ни треба помирување и обединување, а не поделба. Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг, рече Груби.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека во последно време некои се лутат, но кај него нема враќање назад и дека ги почитува одлуките на мнозинството од партиските тела, но не може да излезе „од патот трасиран со крв и вредности“.

– Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ, рече Ахмети.

Претгодно, Груби на Фејсбук сподели фотографии од преполната сала во Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…

Демократската унија за интеграција со реакција до…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…

Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…

Законот за средно обеазование е повлечен од…

Детали од синоќешниот грабеж во Чаир –…

Полицијата денеска соопшти детали од вчерашниот обид…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…