Груби: Почестен сум што првпат сум избран за член на претседателството на ДУИ

t

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека е почестен што првпат станал член на претседателството на ДУИ чиј нов состав беше избран на седницата на партискиот Централен совет што се одржа викендов во Тетово.

-Јас од Конгресот од 2019 година веќе не сум организациски секретар, и мноу сум радосен, им благодарам на сите членови на партијата што првпат ме избраа за член на претседателството на ДУИ, затоа што досега учествував само по автоматизам како шеф на кабинет на претседателот Али Ахмети затоа сум почестен да бидам член на претседателството, рече Груби во коментар за тоа дека е отстранет од функцијата организациски секретар на партијата и како е задоволен од исходот на седницата на Централниот совет.

Според него, седницата се одвивала во одлична атмосфера во ДУИ и во најдобар можен ред, а партијата, вели, е единствената не само во земјава, туку во целиот регион што директно ја пренесува целата седница на својот Централен совет и секој еден граѓанин преку медиумите можел да следи како се одвивала.

Тој избегна да каже дали се можни промнени во министерските позиции од редот на ДУИ во Владата.

Околу 120-те членови на Централниот совет на ДУИ во Тетово за нешто повеќе од еден час го завршија состанокот, на кој беа избрани 37 члена на централното претседателство, како и седум други функции. Изборот на партиските функционери се направи по предлог на претседателот на ДУИ Али Ахмети кој ги прочита предлозите и ги стави на гласање.

Нови четворица потпретседатели се Бајрам Реџепи од Тетово, Изет Меџити од скопски Чаир, Арбр Адеми од Куманово и Арбана Пашоли од Дебар. За генерален секретар е избран Фатон Амети, организациски секретар Блерим Беџети и секретар за родова застапеност Саранда Имери.

Централното претседателство до крајот на месецот треба да ја има првата конститутивна средба. Партискиот портпарол и шеф на дипломатијата Бујар Османи во изјава по состанокот оцени дека сите интереси во партијата успешно се артикулирани со овие избори на луѓе во претседателството и надзорниот одбор.

Груби заедно со министрите за образование и наука, Јетон Шаќири и за здравство, Беким Сали присуствуваше на свеченоста на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), по повод одбележувањето на почетокот на новата академска 2022/2023 учебна година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По десет години затвор во Шпанија, водачот…

Вечерва после 20:00 часот на белградскиот аеродром…

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана…

Бремена жена на возраст од околу 35…

Христијаните веќе не се мнозинство во Англија…

Англија и Велс повеќе не се мнозински…

Ковачевски: Штајнмајер го цитираше Конески – Има…

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите…

(Видео) Освојување на Вселената: Кинеските астронаути пристигнаа…

Новиот тим астронаути стигнаа до кинеската вселенска…