Груевски се пpocти од двајцата свои сопартијци

t

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола груевски преку социјалните мрежи се збогува со поранешните колеги Марјан Додовски и Никола Вељановски и изрази сочуство до нивните семејства. Груевски потсети на проектите по кои тие ќе останат запаметени, како и нивната посветеност на работата, но и татковината.

„Заминаа двајца пријатели…
Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти а најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога. Подоцна беше и мој соработник како директор на Еврокомпозити-Прилеп и беше неуморен борец, интелектуалец, пријатен соговорник и патриот. Сочуство до семејството и најблиските. Бог да го прости. Нека почива во мир.
Деновиве имаше уште една тажна вест за тоа дека починал и Никола Вељановски, познат како Коле Бикчето, еден од најмаркантните активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, голем патриот и неуморен во сите партиски активности од основањето на партија и секогаш подготвен да биде на браникот на татковината.
Никола беше харизматичен и несекојдневен човек чие присуство некаде неможеше а да не биде забележано.
Сочуство до семејството и најблиските.
Бог да го прости.
Нека почива во мир.“, напиша Груевски на фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бomба вештачење во „Плацеви на Водно“:…

Едно вештачење го урниса како кула од…