Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва што садат дрва и потсети на акцијата „Ден на дрвото“ кога се садеа милиони садници, а која беше критикувана од СДСМ

t

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА

Каква траги-комедија се овие од СДСМ. Какви дрвца зелени се за работа и водење држава…

Воведовме и со години имавме секоја година на есен, а понекогаш и два пати годишно во пролет и во есен, општонародна акција наречена “Ден на дрвото”, на кој ден се садеа помеѓу два и пет милиони дрва низ цела Македонија. Помеѓу 300 до 500 илјади граѓани на Македонија, по претходен медиумски повик во повеќе денови, организиран транспорт, долги подготовки на специјален комитетна владата, заедно со НВО Ден на дрвото, излезени на терен од сите националности, од сите возрасни, образовни и социјални групи, како и од секакви различни припадности, здружени и обединети во целта на акцијата, како за ништо друго во Македонија доброволно и волонтерски излегуваа и садеа дрвца на тој ден. Не треба да повторувам дека правило е дека тој што еднаш со свои раце засадил дрво, многу е мала веројатноста дека некогаш ќе исече дрво, што даваше о еден друг аспект на акцијата, особено кај најмладите.

Прогласувавме неработен ден, кој потоа се одработуваше во сабота и цел народ, со еден голем ентузијазам и позитивна енергија, низ цела Македонија, организирано со автобуси на ЈСП и други, доаѓаа на утврдените локации и по неколку часа волонтерски садеа дрвца. Македонски шуми пред и потоа си продолжуваше со рњдовните активности и приграма за садење, но на тој ден беше ултра масовно, што беше и еден соц значаен социјален настан.

Овие од СДСМ тогаш наместо да подржат, или барем да одмолчат, критикуваа што ќе се сетат, те дека дрвцата не се садале стручно, те дека дека не требало така, те дека голем дел се сушеле потоа, дека тоа било медиумска партиска пропаганда, де вака било, де така било, се нешто наоѓаа мани и напаѓаа, плукаа, измислуваа, и нормално меѓудрутор заради тој памет редовно си паѓаа на избори како лисја од дрва во есен.

Нивните активисти главно го бојкотираа тој настан, но секогаш пуштаа 2-3 нивни препознатливи лица да засадат пред камери по едно дрво, за да не испадне дека преспале и да не го навлечат гневот на граѓаните.

Само што дојдоа ја власт во 2017 година го укинаа денот на дрвото. Ако не го укинеа, досега ќе беа засадени 35 милиони дрвца повеќе надвор од редовните активности на АД Македонски шуми. 35 МИЛИОНИ ДРВА недостигаат заради желбата да се биде различен од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ!

И вчера ги гледам без срам, онака пред избори, прават партиска акција за садење дрвца на пет локации низ Макеонија и со сите поканети медиуми да ги сликаат, се пофалиле дека засадиле “неверојатни” 10 илјади дрвца.

Па добро, не ли ви е срам?

И што треба сега ние да правиме? Да одиме да корниме дрвца на некои локации па да викнеме медиуми за да кажеме дека нестручно се саделе или слични глупости како што вие правевте?

Секако дека не!

Јас ќе ви порачам…Вратете се што беше добро и што добро функционираше. Вратете го “Ден на дрвото”, извинете се на народот за глупирањето цели шест години и направената штета, и многу повеќе политички поени ќе добиете отколку со вакви недоквакани партиски настани кои не произлегуваат од вас, туку од маркетинг агенција која ви ги зема парите пред избори и мора да смисли нешто!

(Фотографија 1 од општо народната масовна акција “Ден на дрвото” во 2013 година. Фотографија 2 од предизборната акцијата на СДСМ вчера за партиско садење дрвца)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: И по 8 мај, ќе докажеме…

„Денеска е 27 април, точно седум години…

Филипче: Јас никогаш не се откажувам, да…

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите,…

„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме.…

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…