Груевски: Среќна нова 2022 година! Имајте добро здравје, спокојство и носете во себе што повеќе љубов, а оcлободете се од секаква омpaза и злобa

t

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упати честитка за новата година, посакувајќи им на сите добро здравје, спокојство и помалку омраза и злоба.

Во продолжение целата негова објава:

Вчера се видов со еден пријател и честитајки си ја новата 2022 година ми вели: “дедо ми викаше: да биде подобра од претходната година, биди скромен, оти ‘среќна’ ми личи преоптимистички, биди задоволен и со подобра”. Му велам: “да пробаме ние да е среќна, за да биде барем подобра”, А еден друг пријател ми вели: “среќата знае и да изненади”.
Посакувам што повеќе желби и планови да ви се исполнат, но и се потсетувам на една шеговита мисла на Ајнштајн во која вели дека ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги твоите планови за следната година😄
Сепак треба да имаме желби и планови, да посакуваме и сакаме, бидејќи тие се почетокот на секое придвижување кон промени на подобро, среќа и успеси.
И конечно се присетувам на една мисла на познатиот филозоф Артур Шопенхауер во која вели дека судбината ги меша картите, а ние играме.
Но, за момент да ги оставиме овие “шегобијци” и “песимисти” на страна и да си кажеме:
Среќна нова 2022 година! Имајте добро здравје, спокојство и носете во себе што повеќе љубов а ослободете се од секаква омрза и злоба. Тоа е доволно за барем малку да се чувствувате среќни.
…и сакајте. Секогаш има причана да се сака нешто и некого. Сакањето е среќа! Поголема од да бидеш сакан. Несакањето е тага. Платон би додал: “Љубовта е во оној кој сака, а не во оној кој е сакан”.
И тука повторно “би се вмешал” Шопенхауер и би рекол дека не треба премногу да се врзувате за нешто или некого што можете да го загубите. Бидејќи ќе бидете тажни ако го загубите. “Животот е страдање. Страдањето го предизвикуваат врзувањата (за објектите, идеите, личностите, за самиот опстанок)”.
Кој и од овие две размислувања да ви се поблиски:
Бидете среќни!!! 🍷
(И не го заборавате Бог кога ќе го добиете она за што сте се молеле)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија го копира Груевски: Ќе се субвенционира…

Министерот за финансии на Република Србија, Синиша…

(Документи) Груевски ги фати живи како го…

Уште еднаш фатени “живи” како местат судски…

(Видео) Се огласи Груевски за постата на…

Како тоа новиот премиер на Бугарија Кирил…

Напладне продолжува седницата за изборот на новата…

Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата…

Пуштена во оптек новата монета од две…

По повод 20-годишнината од еврото и почетокот…