Грција испрати хуманитарна помош во Сирија
Лекови, медицински материјал, шатори, кревети и ќебиња испраќа Грција во Сирија, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, за погодените од минатонеделните земјотреси, објавија грчките медиуми.
Од надлежното грчко министерство соопштиле дека Грција уште од прв момент била подготвена да испрати хуманитарна помош и дека доцнењето не е по нејзина вина.
Додале дека напротив, вложила големи напори веднаш да биде испратена помош, заедно со Европската комисија и Европскиот механизам за цивилна заштита, преку кои се обезбедува координирано и ефективно обезбедување помош од земјите-членки во погодените области.
Хуманитарната помош од грчките граѓани собрана во општините во Грција, вчера со брод од атинското пристаниште Пиреас беше испратено за Турција.
Помош од 250 кубни метри, содржи ќебиња, покривки, грејни тела, лекови, средства за лична хигиена, односно она што го побарале турските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…
Два земјотреси се регистрирани денес во Грција
Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…