Грчката влада издаде нapeдба за цивилна мобилизација, приватните лекари мора да работат за државните болници

t

Грчката влада издаде наредба за цивилна мобилизација, со која одредени лекари од приватниот сектор ќе обврзат да ја поддржат државната здравствена служба при зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 предизвикани од варијантата омикрон.
Наредбата за итна мобилизација ќе стапи на сила следната среда и ќе се однесува на лекарите специјализирани за патологија, пулмологија и анестезиологија во четири региони во северна Грција каде државните болници имаат сериозен недостиг на персонал, според АП.
Експертите го обвинуваат сојот омикрон на коронавирусот за огромен пораст на бројот на нови инфекции, кој достигна рекордно ниво во последните 10 дена.
Зголемувањето на бројот на новозаразени не доведе до значително зголемување на бројот на приеми во одделенијата за интензивна нега, туку ги зголеми дневните хоспитализации, додавајќи притисок врз јавната здравствена служба, при што многу болници се борат со недостиг на персонал бидејќи се повеќе лекари и медицински сестри се заразил.

Наредбата за цивилна мобилизација ги обврзува лекарите да работат за државата 15 дена, јави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…

Земјотрес ја стресе Грција вечерва

Земјотрес од 3.8 степени околу 21.40 часот…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…