Грчки политичар почина од срцев удар на плажа во Халкидики
Грчкиот политичар и поранешен пратеник Апостолос Везиропулос ја загуби битката за живот, откако доживеа срцев удар додека беше на плажа во Ситонија, Халкидики, во четврток попладне, објави грчката телевизија Скај.
Според информациите, поранешниот заменик-министер за финансии и актуелен секретар на пратеничката група на Нова демократија се чувствувал лошо додека бил во бар на плажа на плажата Калогрија, во Ситонија, на Халкидики.
Веднаш била повикана итна помош, која го пренела во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, а лекарите и спасувачите се бореле да го вратат во живот.
Тој бил префрлен во болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде за жал била констатирана смрт.
Апостолос Везиропулос имаше 59 години, роден е на 29 мај 1966 година.
Европратеникот од ПАСОК, Никос Папандреу, и портпаролот на СИРИЗА, Костас Захаријадес, изразија сочувство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчки политичар почина од срцев удар на…
Грчкиот политичар и поранешен пратеник Апостолос Везиропулос…
Руската армија нападна постројки за производство на…
Руската армија ги нападна местата за производство,…
Тошковски горд покрај командирот што пукаше и…
Тошковски горд покрај командирот што пукаше и…
Зеленски: Во Украина веќе има државен јазик…
Украина има државен јазик – украински, изјави…
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај…
Се става под контрола пожарот што претпладнево…